Насловна / Вести / Bryant Park на Менхетен во Њујорк

Bryant Park на Менхетен во Њујорк

Bryant Park е еден од најпосетуваните паркови, но и еден од најубавите во Њујорк. Оваа зелена оаза се наоѓа на Менхетен, во близина на Тајм Сквер. Тоа е место каде во зима се одржува „Зимско село“ со лизгалиште, а во лето прекрасни бесплатни филмски проекции. Мал рај за секоја душа.

3

Зимското село е организирано во периодот од октомври до февруари, а во останатите месеци паркот е достапен со прекрасно уредени зелени површини за одмор, уживање, прошетка и рекреација.

4

Зафаќа површина од 39.000 квадратни метри, од кои источната страна на паркот е главниот огранок на њујоршката јавна библиотека (NIPL), додека западната страна е зелен простор и шеталиште. Опкружен е со деловни згради и носи вистинско освежување во овој дел на Њујорк.

11

Во 1847 година, на ова место е создаден првиот парк наречен Плоштад на резервоари, каде што се наоѓала њујоршката кристална палата, која изгорела во пожар во 1858 година. Потоа плоштадот го добил името по поетот и новинар, William Cullen Bryant. Паркот добил нов изглед во 1933-1934 година, по што имало уште неколку реконструкции, но својот најдобар изглед го добил на почетокот на 20 век.

2

Денес паркот е мека за уметност и култура, привлечни и интересни настани, сезонски раскош и извонредна храна, како и можност да се поминат часови во проширување на умот или подобрување на вашата фитнес рутина, секојдневните разновидни понуди навистина поттикнуваат чувство на топло добредојде.

7

Паркот и зеленилото се одржуваат и планираат со големо внимание. Секој пејзаж е секогаш во процес на промена и еволуција, а Bryant Park не е исклучок. Во текот на изминатите 30 години, паркот продолжил да се трансформираат за да создаде што подобро искуство за посетителите, а исто така да се приспособи на променливите модели на употреба. Секоја година се садат над 10.000 сезонски летни едногодишни растенија и 17.000 пролетни луковици, а секоја година се воведуваат и тестираат нови растенија.

9

Нешто што исто така го дефинира паркот се стотици лондонски чинари (Plantanus acerifolia), засадени пред повеќе од 30 години во сокаците на надворешниот периметар. Тесното садење на дрвјата ги поттикнало стеблата да станат вити и високи додека посегнуваат по сонцето. Формалниот дизајн на партерот, исто така, вклучува наизменични слоеви од англиски бршлен (hedera helix) и кршен чакал под дрвјата.

8

Паркот е во сопственост на Одделот за паркови и рекреација на Њујорк, но управуван од непрофитната организација Bryant Park Corporation, основана во 1980 година. За реставрација на паркот се грижела корпорацијата. Исто така, ова е добар пример за јавно-приватно партнерство

5

Главната јавна библиотека на Њујорк се наоѓа веднаш до паркот. Во рамките на паркот има штандови на кои може да се купат пецива и прекрасни места каде можете да се пие кафе. Во зимскиот период изгледа како вистинска зимска бајка и вистинско задоволство е да се учествува во лизгање.

6

Во паркот има и Le Carrousel, вртелешка со 14 животни што наликува на француски вртелешки, а исто така се врти на звуците на француска кабаре музика. Вртелешката е отворена од 11:00 до 20:00 часот. Ова е место каде што можат да се забавуваат децата, но и сите возрасни кои го задржале детето во себе.

13

Паркот е прекрасно уреден во сите периоди од годината и сигурно е дека тука ќе почувствувате мир и задоволство, како и одмор по долгите прошетки и бурниот њујоршки ритам.

10 12

1

Испрати коментар

Scroll To Top