Паркот „Brooklyn Bridge Park“ во Њујорк проект на пејзажниот архитект, Michael Van Valkenburgh, ја освои Меѓународната награда за пејзаж Rosa Barba International Landscape Prize 2021.
Локацијата на „Brooklyn Bridge Park“ е долга и тесна, се протега два километра долж брегот на Ист Ривер, од улицата Jay до Atlantic авенијата. Поголемиот дел од локацијата бил комплекс за товарење и складирање на товар, изграден од пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси изграден во 1950 -тите години, но стана застарен поради зголемувањето на превозот со контејнери.
Нефункционален од 1983 година и отсечен од околната станбена населба, комплексот вклучувал шест столбови и неколку високи магацински згради. Северниот крај на локацијата е областа под и помеѓу мостовите Бруклин и Менхетен, и бил недоволно искористен пејзаж опкружен со комплекси за лесна индустрија.
„Brooklyn Bridge Park“ го трансформира овој дел од постиндустрискиот брег во просперитетен урбан пејзаж. Паркот посредува во новите и обновени врски помеѓу градот и реката, станувајќи витален урбан праг, кој обезбедува простор за широк спектар на активности и програми, сите со спектакуларен поглед на хоризонтот на Менхетен.
Внимателниот однос кон богатата историја на локацијата и нејзините извонредни изградени и природни карактеристики гарантира дека оваа радикална трансформација создава урбана дестинација која е динамична и привлечна за генерациите кои доаѓаат.
Паркоте е добитник и на голем број други награди: Мастер планот за локацијата во 2009 година е добитник на Waterfront Center Excellence on the Waterfront Award, истата година наградата ASLA за анализа и планирање, во 2011 наградата на Општинското уметничко друштво на Њујорк, Brendan Gill Prize, Национална награда за одлично планирање и урбан дизајн на American Planning Association во 2014 година, а истата година повторно награда од Општинското уметничко друштво на Њујорк, MASterwork за најдобар урбан пејзаж.