Бројот на зелени згради на глобално ниво ќе се удвои до 2018 година споредено со денес. Ова е прогнозата од истражувањето на „Dodge Data & Analytics and United Technologies Corporation“. Притоа, под „зелен“ проект е идентификувана секоја зграда односно објект кој е граден и /или сертифициран на начин и со квалитет кој е во согласност со критериумите на LEED, BREEAM, DGNB, Green Star или други меѓународни сертификати за „зелена“ градба.
Предвидениот раст во најголема мера ќе биде достигнат во земјите што сè уште ги развиваат пазарите на зелената економија, особено Мексико, Бразил, Колумбија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Кина и Индија, кои известуваат за сериозен број проекти сертифицирани според споменатите стандарди. Бројот на зелени згради во светот вообичаено се удвојува на секои три години.
Бројот на зелени згради во светот вообичаено се удвојува на секои три години.