Сместен на лондонската улица Hanover, овој неодамна изграден луксузен станбен објект со својот архитектонски израз отскокнува од останатиот уличен фронт, специфицирајќи се преку атипичната фасадна структура изведена од перфорирани капаци. Дел од објектот е искористен како сегмент со мешани намени и опслужува нови административни простори, како и Hus галеријата на современи уметности.
Дизајнот на вешто изработената фасадна обработка зборува за историските случувања на улицата Hanover, дефиниран со шеврон мотиви преку кои се апстрахираат милитаристички симболи, искомбинирани со традиционален милитаристички колорит.
Капаците на фасадата претставуваат современа референца на традиционалните дрвени капаци применувани за да обезбедат приватност и модулација на осветлувањето.
Простирајќи се долж целата ширина на објектот, капаците имаат можност целосно да се отворат и затворат, формирајќи динамичен фронт, истовремено асистирајќи ѝ на енвиронменталистичката регулација.
Секој карактеристичен кат е организиран како една станбена единица над која се развива дуплекс. Станбените единици се специфицираат со отворен план, чии заеднички простории располагаат со непречени визури кон улицата Regent и плоштадот Hanover.