Освен што се употребуваат како складишта, киосци, привремени засолништа во услови на кризи и сл., бродските контејнери најдоа уште една оригинална примена – базени во двор.
Канадската компанија Modpool е авторот на оваа идеја и интересниот дизајн. Се работи за модуларен дизајн лесен за инсталирање, а базените ја содржат целокупната потребна придружна опрема – вклучувајќи UV систем за чистење на водата.
Температурата на водата и осветлувањето може да се контролира со помош на апликација на смартфон.