Насловна / Вести / Бродоградилиште во Риека инсталира топлински пумпи на морска вода

Бродоградилиште во Риека инсталира топлински пумпи на морска вода

Бродоградилиштето „Виктор Ленац“ во Риека, работи на развој на проект за инсталирање на топлински пумпи кои ќе ја користат морската вода како извор на топлина, а треба да се реализира до пролет идната година. За овој проект се користат неповратни европски средства. Во проектниот тим учествиваат Техничкиот факултет од Риека, Енергетскиот институт Хрвоје Пожар, E.ON Хрватска и компаниите „Сенсум“ и „Енасол“.

Rijeka: Brodovi na remontu u brodogradilištu Viktor Lenac

Од бродоградлиштето велат дека со овој проект ќе се прошири системот на централно греење на поголем дел од нивната површина, вклучувајќи и опција з а централизирано ладење, при што ќе се остварат значителни енергетски заштеди. Аналзиите упатуваат на потенцијални заштеди од 60%, како и сериозна редукција на емисиите на јаглерод диоксид.

lenac2

Инаку, проектот „Систем на топлински пумпи со морска вода“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку финснсискиот механизам на Европскиот економски простор (EGP) 2014.–2021., со национално кофинансирање на Хрватска. Вкупната вредност на проектот е 480.312 евра, а износот ан добиените неповратни средства е 232.583 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top