Риечката компанија Lürssen Design Center Kvarner, заедно со ште 14 партнери од Австрија, Грција, Хрватска, Норвешка, Германија, Словенија и Шпанија, во следните четири години ќе проектираат и изработат патнички брод на водород кој ќе плови по Јадранско море. Вкупната вредност на проектот е 18,9 милиони евра, од кои 13,5 милиони евра ќе бидат кофинансирани со средства од ЕУ.
Главната цел на проектот ZEAS (Zero-Emission Adriatic Ship) е да се изгради патнички брод со погон на водород, заедно со станица за полнење на водород, како и дигитална копија за управување, контрола и надзор на погонскиот бродски систем. Стручњаците од споменатите земји ќе работат на проценка на нивото на емисии, студија за оценка на влијанието врз животната средина, проценка ан ризикот и безбедноста на новиот систем со цел да се определат најдобрите еколошки практики за бродови на водороден погон. Ќе с еработи и на развој на напредни дигитални технологии.
Покрај Lürssen Design Center Kvarner, кој е проектен координатор на ZEAS, партнери од Хрватска се и Jadrolinija, Универзитетот во Риека – Поморски факултет, Gitone Kvarner, Maritime Center of Excellence, Scan Projekt и Хрватското здружение за водород. Од Грција, партнери се DNV Hellas Single Member, од Австрија HyCenta Research, од Шпанија Tecno Ambiente, од Германија Technische Universität Chemnitz, од Словенија ZenLab, од Норвешка TECO 2030 ASA.