Насловна / Архитектура / Британскиот павилјон на Дубаи Експо 2020 кој создава песна

Британскиот павилјон на Дубаи Експо 2020 кој создава песна

Наградуваната британска уметница и сценограф Есмералда „Ес“ Девлин го откри својот UK Pavilion од украсено ламелирано дрво на Дубаи Експо 2020, кој ќе биде отворен за јавноста денес, на 1. октомври 2021 година и ќе трае до 31. март 2022 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Expo 2020 UK Pavilion

Наречен Павилјон на песни, Девлин дизајнирала павилјон како „општествена скулптура“ за да дејствува како „израз на културна инклузивност“ за Велика Британија.

1_resize

Павилјонот е во форма на џиновски дрвен конусен музички инструмент и собира зборови донирани од секој посетител и користи напреден алгоритам за машинско учење за да создаде кумулативна колективна песна која ја осветлува фасадата со дијаметар од 20 метри.

Expo 2020 UK Pavilion

Ес Девлин е првата жена која го дизајнирала британски павилјон од почетокот на Експо во 1851 година.

Девлин ја замислла зградата да ја толкува Британија како културно собиралиште, средба и спојување идеи и јазици од целиот свет.

Expo 2020 UK Pavilion

Павилјонот со конусна форма ги рефлектира зборовите донирани од посетителите, додека зборовите се генерираат со помош на AI (вештачка интелигенција) на предната фасада на арапски и англиски јазик – зборовите ноќе се осветлуваат за да го означат павилјонот за посетителите.

11_resize

„Предвидено е за време на шестмесечното траење на Експо да поминат 25 милиони посетители и секој ќе биде поканет да донира по еден збор, а потоа да влезе во срцето на инструментот каде што ќе бидат опкружени со донираните зборови кои светкаат на арапски и англиски, нагласени со звучна сцена собрана од мултикултурните хорови ширум Велика Британија “, се наведува во соопштението за печат.

7_resize

„Павилјонот истовремено е израз на идеалот за културно разновидна Британија со која пораснав, ублажена со нашата се поголема свест за улогата на алгоритмите во обликувањето на иднината на нашата култура“, додаде Девлин.

9_resize

Девлин тесно соработуваала на овој проект со градежните инженери на Atelier One, консултантите за проекти за животната средина од Atelier Ten, архитектите на главниот проект од  Veretec и креативната агенција Avantgarde.

10_resize

Раководени од стручноста на инженерите за одржлива градба, проектантскиот тим избрал вкрстено ламинирано дрво како главен материјал на павилјонот.

Дрвото е добиео од одржливо управувани европски шуми во Австрија и Италија, а инженерите го заговарале како одржлива алтернатива на бетонот и челикот. Вкрстеното ламинирано дрво е изработена околу ЛЕД плочки произведени во Белгија и во Кина, инсталирани од локални Британци и тимови на ОАЕ.

Expo 2020 UK Pavilion

6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top