Насловна / Вести / Британскиот парламент може да се распадне!

Британскиот парламент може да се распадне!

Westminster_palace

Неопходен е капитален ремонт на британскиот парламент – Вестминстерскиот дворец, бидејќи историското здание во минатото преживеа неколку поплави и пожари. За него ќе бидат потребни три милијарди фунти, известува „Би-би-си“.
Како последица од пожарите и поплавите делови од него денес се толку руинирани што не можат да се препознаат. Поголемиот дел од инфраструктурата на дворецот не е ремонтирана од педесеттите години на минатиот век.
Вестминстерскиот дворец со познатиот симбол на Велика Британија, Биг-Бен, е сместен на брегот на Темза и во него се одржуваат седниците на британскиот парламент.
Доколку почне ремонтот, тогаш парламентарците ќе треба да бидат иселени најмалку пет години, а не е чудо вредноста на ремонтот да ги надмине проценетите три милијарди фунти.

Испрати коментар

Scroll To Top