Насловна / Вести / Британски научник: Екстремните температури се само почеток

Британски научник: Екстремните температури се само почеток

Simon Lewis, професор на University College London, предупредува дека човештвото треба да се подготви за уште потешки топлотни бранови во иднина. „Ова е само почеток. Тоа што сега го трпиме во вид на екстремни температури и топлински бранови, е последица на глобалниот пораст на температурата од 1,2 степени Целзиусови. Но, моменталните политики во светот водат до раст на глобалната температура од 2,7 степени до крајот на овој век. Тоа е навистина застрашувачки податок“, заклучува професор Lewis.

heatwave1

Според неговите зборови, општеството мора да се подготви за екстремните температури и други екстремни временски настани кои не очекуваат во иднина. „Темелно, брзо и трајно намалување на емсииите на јаглерод диоксид на нето нула, може да го запре затоплувањето, но неопходно ќе биде човештвото да се прилагоди на посериозните топлински бранови во иднина“, вели Lewis. Тој оценува дека за жал постојат се помалку можности за обезбедување на витална и одржлива иднина за сите.

heatwave2

 

Испрати коментар

Scroll To Top