Владината комисија за прашања од авиосообраќајот во Британија се изјасни против проектот за изградба на нов аеродром на вештачки остров на реката Темза источно од Лондон.
Планот за аеродром на реката Темза беше поддржан од градоначалникот за Лондон, Борис Џонсон, без оглед тоа што на територијата, каде што се планираше да се изгради аеродромот, живеат неколку видови разни животни.
Изградбата на аеродромот со четири писти, исто така, повлекуваше и изградба и на автомобилски и железнички патишта. Наместо тоа комисијата предлага да се прошират можностите на веќе постојните лондонски аеродроми – Хитроу и Гетвик.
Претставникот на Борис Џонсон изјави дека решението на комисијата е кратковидо.