Насловна / Вести / Британија ќе инвестира 338 милиони фунти за стимулирање одење пеш или со велосипед

Британија ќе инвестира 338 милиони фунти за стимулирање одење пеш или со велосипед

Британската влада планира да инвестира 338 милиони фунти (472 милиони долари) за изградба на нови велосипедски патеки и поттикнување на пешачењето во Англија, со надеж дека преминувањето на велосипедизмот, предизвикано од пандемијата ќе биде трајно, како дел од напорите за јаглеродна неутралност.

Инвестицијата, насочена кон тоа велосипедизмот и пешачењето да ги олесни и направи побезбедни, претставува зголемување од 30% на буџетот во однос на минатата година, се вели во соопштението на владата, пренесува Ројтерс.

л_resize

Во текот на минатата година, бројот на милји поминати со велосипед на британските патишта скокнал за 46%, изјави владата.

„Милиони од нас во текот на изминатата година открија дека возењето велосипед и пешачењето се одлични начини да се останете во форма, да се ублажи метежот на патиштата и да се направи нешто за животната средина“, изјави министерот за транспорт Grant Shapps.

„Одлучни сме да го задржиме овој тренд, правејќи го активното патување полесно и побезбедно за сите“.

Испрати коментар

Scroll To Top