Насловна / Вести / Британија гради патишта кои можат да ги полнат електричните возила во движење

Британија гради патишта кои можат да ги полнат електричните возила во движење

Patista sto polnat energija

Британската влада се подготвува да ја тестира новата технологија на патишта кои ќе им овозможат на електричните автомобили да се снабдуваар со енергија во движење. За овој петгодишен проект издвоени се околу 500 милиони фунти.

Најголем број електрични автомобили се снабдуваат со енергија преку полначи односно станици за полнење додека се паркирани. Безжичното полнење е исто така можно, но и во тој случај неопходно е возилото да се сопре. Владата на Велика Британија предложи нов начин на полнење на автомобилите кој ќе функционира на сличен начин како безжичните полначи за телефон, користејќи ја технологијата на магнетна индукција. Инженерите ќе инсталираат безжична технологија во возилата за тестирање како и специјална опрема под патиштата.

Patista za dopolnuvanje energija

Каблите што ќе бидат поставени под патиштата ќе генерираат електромагнетни полиња од кои преку приемникот во автомобилот ќе се создава електрична енергија.

„Технологијта кај  возилата напредува многу брзо  и ние сме посветени на напорите да го  подржиме порастот на  бројот на  возила со ултра ниски емисии на патиштата во  земјата“, истакна инженер Мајк Вилсон, преставник на британската влада.

Слична технологија се користи во Јужна Кореја, во градот Гуми, каде еден автобус може да помине околу 24 километри благодарение на енергијата со која се полни во текот на возењето.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top