Од 1-ви октомври 2022, Велика Британија воведува нови „гаранции за цените на енергијата“, што значи дека едно типично домаќинство во земјата ќе плаќа просечно £2500 годишно, во следните две години. Тоа ќе му заштеди на едно проечно домаќинство најмалку 1000 фунти годишно, имајќи ги во предвид моменталните цени на енергијата и додаток е на попустот на сметките за енергија од 400 фунти за сите домаќинства, кој е воведен претходно. Ова се однесува на сите домаќинства во Велика Британија и Северна Ирска, а на снабдувачите од буџетот ќе им се надомести разликата до комерцијалната цена.
Компаниите и другите корисници кои не се во категоријата домаќинства исто така ќе добијат поддршка. Тоа ќе ги заштити од високите трошоци за енергија и ќе им обезбеди сигурност во работењето. Станува збр за шестомесечна шема на поддршка за оваа категорија потрошувачи.
Исто така, се најавуваат нови дозволи за истражување и експлоатација на јаглеводороди (над 100 дозволи), и се укинува мораториумот за истражување на нафтените шкрилци (од кои се добива гас). Владата не се откажува од изградбата на 24 GW нови нуклеарни капацитети до 2050 година, како иразвој на секторот на фосилни горива и оновливи извори на енергија, во смисла на ревидирање на енергетската стратегија за достигнување на економија без јаглеродни емисии на економски исплатлив начин.