Насловна / Екологија / Британија го крши законот заради нуклеарка

Британија го крши законот заради нуклеарка

nucleaar
Европската комисија отвори истрага по повод плановите на британската влада да субвенционира изградба на нуклеарка, поради сомневање за кршење на британскиот закон за субвенции. Како што се проценува, новата централа би вредела 18,9 милијарди евра. „Кога државните пари се трошат за помош на одредени компании, Комисијата има обврска да испита дали е тоа сторено во согласност со правилата“,  се наведува во соопштението на Комисијата.

Британската коалициона влада во септември потпиша спогодба со францускиот енергетски гигант EdF (Electricite de France) за изградба на два нуклеарни реактори во југозападна Англија.

Извор: France Presse

Испрати коментар

Scroll To Top