Насловна / Вести / Брисел: Први чекори во реализација на Енергетска Унија

Брисел: Први чекори во реализација на Енергетска Унија

energetska unija (2)

Како еден од првите чекори кон остварување на новонајавената стратегија за формирање на Енергетска Унија, Европската комисија овие денови ја започна иницијативата вредна 100 милиони евра за поврзување на електроенергетските мрежи ширум ЕУ. Преку Connecting Europe Facility (CEF), Комисијата објави повик за предлози насочени кон намалување на енергетската изолираност, отстранување на тесните грла како и заокружување на европскиот енергетски пазар.energetska unija

Во текот на 2015-та, за реализација на овие цели се очекува да се доделат вкупно 650 милиони евра неповратни средства, а вториот повик би требало да биде отворен кон крајот на 2015 година. Целта на Европската комисија е да ги зајакне прекуграничните енергетски врски.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top