Насловна / Вести / Брисел: Отворена „Канцеларија за енергетска транзиција на Западен Балкан“

Брисел: Отворена „Канцеларија за енергетска транзиција на Западен Балкан“

На почетокот на месецов Европската Комисија во Брисел отвори „Канцеларија за енергетска транзиција на Западен Балкан“. Целта е да им се помогне на земјите во регионот во процесот на напуштање на производството на енергија од фосилни горива. Поддршката е неопходна бидејќи активностите во борбата за чиста енергија не с ениту едноставни ниту ефтини, а условени се од политичките одлуки. Европската унија има направено занчаен исчекор во енергетската транзиција – мнозинството членки ќе го исфрлат јагленост веќе до крајот на деценијата, а планот е до 2050 година Унијата во целост да заврши со процесот на декарбонизација.

transition1

Земјите од Западен Балкан веќе прифатија да го следат тој план, а бриселската канцеларија за енергетска транзиција токму затоа ја отвории својата „врата за поддршка“. Портпаролот за енергетика и климатска акција на ЕУ, вели дека ова е важен проект. „Во ЕУ работиме на постепено исфрлање на јагленот и поддршка на средините кои имаат рудници за јаглен, со цел да се префрлат на почисти извори на енергија, да најдат соодветни програми и да користат средства од фондовите на ЕУ и меѓународните финансиски институции, како и да усвојат стратегија за предониот период“, вели портпаролот Тим Мекфи.

Анализите покажуваат дека 16 термоцентрали на јаглен во Западен Балкан емитуваат дури 20 пати повеќе сулфур диоксид од просекот на Унијата.

transition2

Испрати коментар

Scroll To Top