Насловна / Вести / Брисел одлучи да се вратат ознаките за апаратите за домаќинство на скалата A-G

Брисел одлучи да се вратат ознаките за апаратите за домаќинство на скалата A-G

На 13 јуни, Европскиот парламент гласаше за предлогот на Уредбата за означување на енергетската ефикасност кај апаратите за домаќинство. Новата Уредба ги враќа енергетските ознаки на скалата од A до G, односно ознаките со „+“ се веќе изоставени од скалата.

На овој начин, на потрошувачите ќе им се овозможи поедноставен избор на ефикасни производи, со што ќе ја намалат потрошувачката и сметките за електрична енергија. Производителите се поттикнуваат на иновации и вложување во енергетски ефикасни производи.апарати за домаќинство

Купувачите би можеле да ги видат првите нови ознаки во продавниците кон крајот на 2019 година. Секоја идна повторна класификација ќе стартува оној момент кога 30% од производите кои се продаваат на пазарите во ЕУ ќе бидат од највисоката енергетска класа А, или пак кога 50% од истите производи ќе припаѓаат на класите А и B.

Ќе биде воведен регистар на производи според енергетската ефикасност, со цел подобра контрола врз производите, како и регистар на енергетските ознаки. Се проценува дека денес околу 15% од производите на пазарот не се точно означени во поглед на нивната реална енергетска ефикасност.

 

Испрати коментар

Scroll To Top