Насловна / Екологија / Брисел ја тужи Бугарија поради нерешениот проблем со 104 депонии

Брисел ја тужи Бугарија поради нерешениот проблем со 104 депонии

landfill_liner
„Брисел ја тужи Бугарија пред Европскиот суд во Луксембург поради нерешените проблеми со 104 депонии“, изјави бугарскиот заменик-министер за животна средина и води Чавдар Георгиев, кој притоа појаснува дека овој проблем Бугарија требало да го реши уште во средината на 2009 година. Според www.dariknews.bg, тужбата е поднесена на 4 април, а епилогот се очекува до крајот на годината. Најверојатно, Бугарија ќе биде казнета бидејќи до крајот на 2014 година има средства за санирање на само 41 од овие 104 депонии. На нивно место ќе бидат изградени нови регионални депонии кои во целост ги задоволуваат еколошките стандарди на ЕУ.

Испрати коментар

Scroll To Top