› Објавување на 50-те номинации за Brick Award 22
› Рекорден број од приближно 800 пријавени проекти
› Победниците ќе бидат објавени во јуни 2022 година
Виена, 7 октомври 2021 година – Рекорден број од 789 проекти од 53 земји се пријавени на Brick Award 22. Десеттото по ред Brick Award наградување има најголем број на пријави во својата историја, што ја покажува интернационалноста на оваа наградување на архитектура. Потесниот избор на 50 проекти во пет категории се одржа ова лето.
Наградите на Brick Award се доделуваат во 5 категории, во рамките на секоја од нив ќе биде доделена парична награда, како и на севкупниот победник. Победничките проекти во сите пет категории “Feeling at home”, “Living together”, “Sharing public spaces”, “Working together”, “Building outside the box” како и целокупниот победник ќе бидат објавени на официјалната Церемонија во Виена, јуни 2022 година.
На Brick Award 22 се забележува силен европски фокус, 34 од 50-те одбрани проекти се пријавени од европски архитекти, 12 проекти доаѓаат од Азија и 4 номинации од Латинска Америка.
„Развојот во последниве години продолжува, фокусот останува на градба со ефикасни ресурси. Ова се однесува и на високо иновативните конструкции, како и на оние изградени на традиционален начин со локални материјали и занаетчиски техники. Повторната употреба е исто толку присутна како и имагинативната употреба на тули. Овој речиси разигран пристап води до впечатливи, незаборавни дизајни. Соодносот на различните категории е речиси избалансиран, што покажува дека тулата е застапена во сите градежни типолошки области.” објаснува Heimo Scheuch, главен извршен директор на Wienerberger AG.
Подетално, проектите кои влегоа во потесен избор се распределени во следните категории:
› Feeling at home: 8 проекти
› Living together: 12 проекти
› Sharing public spaces: 13 проекти
› Working together: 8 проекти
› Building outside the box: 9 проекти
Сите 50 номинации може да се најдат на веб-страницата на Brick Award: https://www.brickaward.com/
Пет меѓународно реномирани архитекти го сочинуваат жирито на Brick Award: Ingrid van der Heijden/ Холандија, архитект и партнер-основач на Civic Architects, Jesper Gottlieb / Данска, архитект и партнер-основач на Gottfried Paludan Architects, Tina Gregorič/ Словенија, архитект и партнер-основач на Dekleva Gregorič Architects, Wilfried Kuehn / Германија, архитект и партнер-основач на Kuehn Malvezzi, Brigitte Shim / Канада, архитект и партнер-основач на Shim-Sutcliffe Architects во Торонто.
Сите избрани проекти ќе бидат објавени во Brick 22 изданието во летото 2022 година.
Повеќе информации за Brick Award може да најдете на https://www.brickaward.com/
Следете нè
Follow us on
https://www.facebook.com/brickaward/
https://www.instagram.com/brickaward/
https://www.linkedin.com/showcase/brick-award