Италијанската модна куќа „Долче и Габана“ во соработка со италијанскот производител „Смег“ креираа интересна линија на кујнски апарати со декоративни карактеристики типични за сицилијанската култура.
Колекцијата насловена „Сицилија е мојата љубов“, презентирана на Миланската недела на дизајнот, содржи тостери, кафемати, миксери за храна и многу други апарати кои се украсени со живописни бои во стилот на традиционалните декоративни елементи во Сицилија.
Целосната линија ќе биде достапна од месец октомври, така што ќе можете да му кажете збогум на здодевниот изглед на апаратите во домаќинството и да го внесете вкусот на Сицијлија во вашиот дом.