Поради пролонгираната политичка неизвесност околу Брегзит, бројните семејства кои се занимаваат со риболов, и кои ловат во британските води, се загрижени за својата иднина. Семејството Бернер од Франција, веќе три генерации лови во водите на северозападна Европа, но поради Брегзит, децениите на солидна „морска жетва“ одеднаш би можеле да станат минато. Половина од својот годишен улов, ова семејство го остварува во британските води, а во моментот никој не знае каква ќе биде состојбата после 31-ви октомври.
Сепак, генерално гледано, рибарството е област во која ЕУ би изгубило многу повеќе отколку Велика Британија. Имено, европската рибарска флота лови осум пати повеќе риба во британските води, отколку што рибарите од Велика Британија ловат низ сите европски мориња. Рибарската индустрија околу Северното Море е свесна за оваа закана. Затоа, набрзо после референдумот во 2016, основана е посебна група овластена да ги застапува – Европска рибарска алијанса (EUFA)