Насловна / Вести / Брегот на пешаците, а не на зградите: Фостер и дава нов лик на Ларнака

Брегот на пешаците, а не на зградите: Фостер и дава нов лик на Ларнака

Компанијата Foster + Partners во соработка со кипарската нафтена компанија Petrolina Group, го претстави проектот на новиот мастер план за трансформација на брегот на Ларнака во одржливо и пријатно опкружување за неговите жители, идните генерации и новите посетители.

1

Еден од најважните историски градови на Кипар, како и трет по големина град на островот, ова познато одморалиште има за цел да редизајнира една од своите главни артерии, патот Ларнака-Декелија, за да го направи подобар за пешаците, заедно со брегот.

2

КАТАЛИЗАТОР ЗА ШИРЕЊЕ НА ГРАДОТ

Предлогот на Foster + Partners има за цел да ја подобри еколошката вредност на земјиштето и да ја удвои должината на брегот која е достапна на јавноста.

3

Новиот развој е кохерентен со постојното урбано ткиво, а во исто време се стреми да стане катализатор за ширење на градот кон север.

Планирано е разновидни елементи на планот да бидат поврзани со улици исполнети со дрвореди, како и уредени плоштади, велат од Foster + Partners.

6

Планирано е и постојните водни канали во градот да се преуредат, како би биле попогодни места за живеење на локалните диви животни, а и да донест дополнително зеленило во зоната кон брегот.

Локалниот пат Ларнака-Декелија, исто така, ќе претрпи трансформација за да биде попријатен за пешаците.

4

ПРИРОДНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УРБАНОТО ТКИВО

Новиот развоен план се наоѓа помеѓу еколошките зони кои ги поврзуваат внатрешните области со крајбрежјето.

Планирано е овие нови делови од градот да имаат само ниски згради кои се повеќе во склад со човечките пропорции, а сепак во склад со начинот на создавање природно продолжување на постојното урбано ткиво.

5

Планираните интервенции имаат за цел создавање нови можности за жителите, активирање на брегот и натамошен развој на локалната економија.

9

За време на развојот на проектот, Foster + Partners тесно соработувале и со градските власти за да развијат поширока стратегија на мобилност за поврзување на областа на мастер планот со остатокот од градот и поширокиот регион.

7

„Мастер планот го задржува и го подобрува карактерот на градот, истовремено создавајќи нова возбудлива визија за неговата иднина. Нашиот пристап е развиен во тесна соработка со градските власти, надоврзувајќи се на клучните општински иницијативи кои промовираат одржлив и сеопфатен урбан развој“, рече Бен Скот, постар партнер во Foster + Partners.

Испрати коментар

Scroll To Top