По светската премиера на електричната G-класа, Mercedes-Benz за промоцијата на новиот модел го ангажира холивудскиот гумец Бредли Купер, кој има задача да ги увери славните и останатите со „длабок џеб“ дека ова возило е вистинскиот избор за нив. Германскиот автомобилски гигант лансираше реклама во која прикажува како ова возило совладува нешто што се чини како неосвоива планина. И покрај технологијата која е користена да го зајакне ефектот, сепак оваа сцена изгледа навистина импресивно.
Светската премиера на оделот е направена во Лос Анџелес во април годинава, а на настанот биле присутни голем број славни личности. Електричната G-класа во Германија чини нешто повеќе од 142.000 евра, додека цената на верзијата Edition Onе во Европа изнесува 192.524 евра.