Бразилскиот павилјон и палестинското архитектонското студио DAAR се наградени со Златни лавови на Архитектонското биенале во Венеција 2023 за најдобро национално учество и учесник на 18-та изложба, Лабораторијата на иднината.
Бразилскиот павилјон
Наградите беа доделени на церемонијата на доделување во недела на 20. мај 2023 година во Ca’ Giustinian, седиштето на Венециското архитектонско биенале.
Бразилскиот павилјон
Павилјнот на Бразил награден е за најдобро национално учество за неговата Terra [Земја]. Меѓународното жири ја додели наградата на павилјонот за „истражувачка изложба и архитектонска интервенција што ги насочува филозофиите и имагинациите на автохтоното и црното население кон начини на репарација“.
Бразилскиот павилјон
Куриран од архитектите Gabriela de Matos и Paulo Tavares, Terra има за цел „да предложи повторно преиспитување на минатото со цел да се дизајнираат и замислат можните иднини, ставајќи ги во преден план актерите заборавени од архитектонските канони“.
Gabriela de Matos и Paulo Tavares
Од друга страна, студиото DAAR предводено од Alessandro Petti и Sandi Hilal, го освои Златниот лав за најдобар учесник на Лабораторијата на иднината.
DAAR
DAAR е награден за „нивната долгогодишна посветеност на длабок политички ангажман со архитектонските и наставни практики на деколонизација во Палестина и Европа“.
Британскиот павилјон Dancing Before the Moon доби специјално признание за национално учество. Награден е „за кураторската стратегија и дизајнерските предлози кои ја слават моќта на секојдневните ритуали како форми на отпор и просторни практики во дијаспорските заедници“.
Британскиот павилјон
Жирито одлучи да додели три специјални признанија на следните учесници: Twenty Nine Studio/Sammy Baloji, Wolff Architects и Thandi Loewenson.
Sammy Baloji доби награда за „троделна инсталација што ги преиспитува минатото, сегашноста и иднината на Демократска Република Конго, преку ископување на колонијални архитектонски архиви“.
Twenty Nine Studio/Sammy Baloji
Wolff Architects се наградени „за инсталација која одразува соработка и мултимодална дизајнерска пракса, како и нијансиран и имагинативен пристап кон ресурсите, истражувањето и претставувањето“.
Wolff Architects
Thandi Loewenson е награден „за милитантна истражувачка пракса која ги материјализира просторните истории на борбите за земја, искористување и ослободување преку медиумот на графитот и шпекулативното пишување како дизајнерски алатки“.
Thandi Loewenson
Сребрениот лав за перспективен млад учесник отиде во рацете на Olalekan Jeyifous за мултимедијална инсталација која ја истражува практиката на градење на светот, која ги проширува јавните перспективи и имагинации, нудејќи визии за деколонизирана и декарбонизирана иднина.
Olalekan Jeyifous
Нигерискиот уметник, архитект и дизајнер, Demas Nwoko е добитник на Златниот лав за животно дело на 18. Интернационална архитектонска изложба.
Demas Nwoko
Признанието го препорача Lesley Lokko, кустос на Биеналето на архитектура во Венеција, а го одобри Управниот одбор на La Biennale di Venezia.
Биеналето на архитектура во Венеција се одржува од сабота, 20. мај до недела, 26. ноември 2023 година Arsenale и Giardini.