Овој прекрасен дом е изграден како втор дом за пар кој живее во Сао Паоло. Бидејќи сопствениците со својата млада ќерка не сакаат да губат драгоцено време за да бегаат од гужвите во градот во текот на викендите, ова семејство нарачало од бразилското архитектонско студио CR2 да им изградат 185 квадратни метри простор во кој ќе го поминуваат своето слободно време.
Тие сакале компактна куќа, со флексибилни простори, со два апартмана, а тоа се должи на фактот што тие сакаат да го поминуваат поголемиот дел од своето слободно време на отворено со скара, базен и голема зелена површина. Кујната односно дневната соба е мултифункционален простор без ѕидови со долга клупа на која е поставено сè што им е потребно: мијалници, опрема за скара, гардеробери… , и се протега од едната до другата страна на просторот. Собите се наоѓаат на првиот кат со поглед на градина и дрвја од улицата. Приватните и социјалните простори во овој ентериер се флексибилни. Домот е украсен модерно со поглед на градината и заштитена е со дрвена ограда која ги штити од љубопитните погледи на соседите.