Насловна / Вести / Бразил руши рекорди – илјада квадратни километри прашума се исечени во април

Бразил руши рекорди – илјада квадратни километри прашума се исечени во април

Сечата на дождовните шуми во Амазон достигна нов врв во април, кога речиси двојно го зголеми претходниот рекорд.

Според бразилската Национална агенција за вселенски истражувања Инпе, за 29 дена од април се исечени 1.012 квадратни километри шума.

Brazil

Агенцијата ја следи состојбата и дава месечни извештаи од 2015 година, а еколошките активисти велат дека ваквото однесување е незапамтено.

Не само што сечата го достигна врвот во април оваа година, туку ги урнала рекордите што се поставени во јануари и февруари годинава.

Во првите четири месеци од годинава се уништени 1.954 квадратни километри од најголемата прашума во светот, што е зголемување за 69 отсто во однос на истиот период лани.

Сечата на дождовните шуми се интензивираше од 2019 година, со доаѓањето на претседателот Жаир Болсонар, кој ги олабави еколошките правила, велејќи дека уништувањето на шумите ќе овозможи поголеми површини за земјоделство и рударство, што ќе ја намали сиромаштијата.

Испрати коментар

Scroll To Top