Како свој придонес кон претстојниот нов договор за климата на ОН, Бразил вети дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 43% до 2030 година. Овие планови на земјата ги објави претседателката на Бразил Русеф во говорот на Општото собрание на ОН во Њујорк, истакнувајќи притоа дека целите се многу поамбициозни од тие на многу поразвиени земји, и дека на Бразил нема да му биде потребна надворешна помош за нивна реализација.
Русеф ја подврди посветеноста на земјата за ставање крај на нелегалното сечење на шумите во Амазонија, но притоа не спомена ништо во врска со целосното запирање на сечењето на шумите во оваа област, што е барање на многу организации за заштита на животната средина. Водечките научници во Бразил проценуваат дека и понатаму во рамките на легални процедури, површината исечена шума би била околу 100 милиони хектари, што е еквивалент на површината на Колумбија.
Бразил ги поседува најголемите недпрени прашуми на светот, познати како бели дробови на планетата.