Насловна / Вести / Бразил ја отфрли помошта. Се заблагодаруваме, но ние не сме колонија

Бразил ја отфрли помошта. Се заблагодаруваме, но ние не сме колонија

Бразил ја отфрли итната помош од Г7 за Амазонија, изјави висок бразилски службеник и му порача на Макрон да се занимава со француските колонии.
„Им се заблагодаруваме, но тие сретства ќе бидат потребни за пошумување на Европа“ напиша Оникс Лоренцони, шеф на кабинетот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на блог на информативниот портал Г1.

Amazon fire in Brazil
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека земјите на Г7 ќе издвојат 20 милиони долари за земјите на Амазонија за борба против пожарите, како и долгорочна иницијатива за заштита на прашумите, објави агенцијата АП.
„Макрон дури не успеа да избегне предвидлив пожар во црква која е дел на светско културно наследство, а сака да дели лекции на нашата земја“, вели Лоренцони, алудирајќи на пожарот што се случи на 15. април во Нотр Дам во Париз.
Тој додаде дека Макрон има многу работа дома и во француските колонии: „Бразил е демократска земја, слободна и никогаш немала колонијалистичко и империјалистичко однесување, како што е можно да е целта на Макрон“.
Меѓутоа, пред овие изјави бразилскиот министер за животна средина Рикардо Салеш, оценил дека предложената помош би била добредојдена. Но бразилскиот претседател подоцна се состанал со неклолку министри и својот шеф на кабинет и го променил тонот.
Макрон го обвини Болсонаро за пожарите во Амазонија и повтори дека лаже во врска со промената на својата политика кон климатските промени и сечењето на шумата.

25/04/2019 Solenidade de Assinatura do Decreto que revoga o Hor
Болсонаро изрази револт и поради тоа што државите на Г7, според негово мислење, се мешаат во внатрешните работи на Бразил. „Не можеме да прифатиме претседателот Макрон да врши несоодветни напади врз Амазонија и да ги крие своите намери зад ‘Алијансата на државите на Г7 за спас на Амазонија’, како да сме колонија или ничија земја“, напиша шефот на државата на Твитер . „Никому не е потребна нова иницијатива за Амазонија“, додава бразилскиот шеф на дипломатијата Ернесто Араужо и укажа дека постојат механизми под покровителство на ОН Конвенции за клима за финансирање борба против сечење на шуми и за пошумување.

makron
Макрон жестоко му одговори на Болсонаро „Го почитуваме вашиот суверенитет. Тоа е ваша земја. Но прашумите на Амазонија се прашање кое ја засега целата планета“. Говорејќи на француска телевизија после самитот на Г7, Макрон признал дека Европа со тоа што увезува соја од Бразил, сноси дел од вината за земјоделскиот притисок на прашумите. „Во еден дел и ние сме соучесници“ додал Макрон, пренесува АП.
Во меѓувреме Фондацијата за зачувување на животната средина Алијанса за Земјата, позади која стои холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо ќе донира пет милиони долари за да се санира штетата после пожарите.

лео

Испрати коментар

Scroll To Top