Насловна / Вести / Бразил ја доби првата „електрична“ магистрала

Бразил ја доби првата „електрична“ магистрала

Во бразилската држава Парана, реализирана е првата сообраќајница која во целост е покриена со станици за полнење на електрични возила. Се работи за магистралата BR-277, која ги поврзува Паранагу на брегот на Атлантикот со Фоз до Игуасу на границата со аргентина. На рутата со вкупна должина од  730 km  изведени се осум станици за полнење со кои управува електроенергетската компанија Copel. Вкупните вложувања за реализација на овој проект изнесуваат 5,5 милиони долари, а партнери на Copel во овој зафат се и Владата на државата парана како и хидроенергетската компанија Итаипу Бинационал. Инаку, во државата Парана која брои околу 11 милиони жители, има вкупно 178 електрични и 1350 хибридни автомобили.

Brasil 3

 

Испрати коментар

Scroll To Top