Насловна / Архитектура / Брановидна „клучка на мудроста“

Брановидна „клучка на мудроста“

Оваа зграда првично требало да биде само привремена, но клиентот од Uni-hiku group бил толку импресиониран од нејзиниот однос со околината и елегантните линии, што на крајот е изградена како постојана.

klucka

Идејата за привремена градба е претворена во идеја која е долготрајна и по својата природа е одржлива благодарение на архитектонското студио „Powerhouse“ што го направи проектот. Тоа е брановидна црвена „клучка на мудроста“ во форма на континуиран прстен кој се чини трепери. Обликот на самата клучка е архетипски и универзален со одредена доза на мистерија, но со трага на геометрија.

klucka1

„Клучка на мудроста“ се наоѓа во Ченгду, Кина, а во еден дел го преминува покривот на зградата. Тоа е всушност шеталиште долго околу 698 метри, кое во едниот дел се искачува на 25 метри во висина, додека во другиот се потпира на земја, обезбедувајќи спектакуларен поглед на околното зеленило и далечните планини. Црвената боја е избрана за да направи контраст со бујниот зелен пејзаж. Патеката е покриена со гумен слој (гумен асфалт) кој се користи за атлетски патеки, затоа е пријатна за трчање и одење.

klucka2

Од двете страни на патеката има површини покриени со алуминиумски плочки. 15.218 од нив, секоја единствена со нумерички код, ја формираат беспрекорната „кожа“ на оваа клучка како змија. ЛЕД-светлата што ја осветлуваат зградата ноќе и функционалните елементи, вклучувајќи олуци и огради, се внимателно скриени од видното поле, давајќи посебен модерен изглед кој ја подобрува елегантната едноставност на клучката.

klucka3

Под одредени делови на црвениот кров има изложбени простори кои се карактеризираат со пријатна, природна атмосфера затоа што таваните се направени од дрво, а sидовите од стакло се „отворени“ кон околината. Стаклениот дел од фасадата се протега до 13 метри во висина со стаклени ребра за зајакнување.

Благодарение на оваа „отвореност“, границата меѓу внатрешноста и надворешноста е избришана, поврзувајќи се уште повеќе со природата и околината.

klucka4

Испрати коментар

Scroll To Top