„Динамичната природа на морето“ ги поттикнала течните, лушпести форми на Националниот институт за спортови на вода во Индија, дело на архитектонското биро MOFA Studios.
Сместен на крајбрежна локација во Панаџи, Гоа, центарот од 15.000 квадратни метри обезбедува капацитети за институтот, кој одржува курсеви за спортови на вода и туристички менаџмент.
Формирана е од три закривени, меѓусебно поврзани волумени обложени со лушпести плочи, кој се дизајнирани од студиото MOFA со седиште во Делхи како референца за односот на проектот кон морето.
„Архитектурата за Националниот институт за водени спортови инспирирана е од динамичната природа на морето“, велат од студиото.
„Избувнува, се крева и се превиткува во низа бранови подготвени да проголтаат сè што ќе им се најде на патот“.
Во основата на Националниот институт за водени спортови може да се види дека трите заоблени волумена се спојуваат во праволиниско влезно фоаје и заедничка просторија во центарот на локацијата.
Оваа централна форма е конструирана од бетон, додека флуидните форми имаат челични решеткасти конструкции покриени со метални лимови и панели во облик на дијамант.
Внатрешноста е организира во зони врз основа на нивните функции, додека просторите меѓу нив MOFA Studios ги проектирале да бидат по „течни“. Ова ги вклучува областите на изложената структура на решетката, што се користи како настрешница на кривулести патеки и заеднички плоштади.
„Започнавме со категоризација на функционалноста во поголеми делови на зонирање“, велат од студиото.
„Додека институционалните, административните, станбените и рекреативните функции ги задржаа своите поединечни зони, просторот меѓу нив ќе биде прилично флуиден и континуиран, со што се создаваат овие меѓуфункции суштински за оние неформални интеракции помеѓу различни групи на луѓе, дефинирани со нивните улоги во кампусот“, додаваат архитектите: „Беше важно да се создаде оваа фина рамнотежа помеѓу практичната секојдневна функционалност и одржувањето на оваа постојана динамика“.
На север, најголемото крило на Националниот институт за водени спортови содржи места за сместување и трпезарии, заедно со базен со олимписки димензии со поглед на морето.
Двете помали крила на југ содржат аудиториум, простори за настава и конференциски сали, поврзани со мост што поминува преку плоштадот обложен со дрво.
Големите прозорци им обезбедуваат на наставните простори поглед кон базенот и морето позади, додека кровот на најголемиот волумен е пресечен со дел од проѕирно стакло што го осветлува централниот коридор.