Насловна / Архитектура / Брановиден дата центар ќе биде најголемата 3D печатена зграда во Европа

Брановиден дата центар ќе биде најголемата 3D печатена зграда во Европа

Во последните години, благодарение на најсовремената технологија, во градежната индустрија се повеќе се користи 3D печатењето. Во САД низа големи станбени објекти се изградени на ваков начин, а истата технологија е искористена и за изградба на екпериментално живеалиште кое ги симулира условите на Марс. Во моментот во Германија се гради нов дата центар кој ќе биде најголема 3D печатена зграда во Европа.

datacenter1

datacenter2

Дата центарот кој сеуште нема име, се гради во Хајделберг. Ќе има необична брановидна надворешност надополнета со малку зеленило. Зградата ќе биде висока 9m, широка 11m и долга 54m. Се гради со помош на COBOD BOD 2 печатач кој од млазница во слоеви екструдира мешавина налик на цемент, следејќи ја проектната документација и така ја генерира основната обвојница на зградата. Печатењето би требало да трае 140 часа.

datacenter3

datacenter4

 

Испрати коментар

Scroll To Top