Насловна / Архитектура / „Браќа Миладиновци“ во Скопје еден од најфункционалните библиотечни простори во Македонија

„Браќа Миладиновци“ во Скопје еден од најфункционалните библиотечни простори во Македонија

Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е снована уште во 1945 година под името Градска Библиотека и фукционирала на различни локации се до изградба на објектот на булеварот „Партизански одреди“, лоциран помеѓу Архитектонскиот факултет и пазарот „Буњаковец.

б4

Во 1973 година според проект на архитект Прохирија Хаџи Костова – Пешиќ, која работела во проектантското биро на „Бетон“,  изградена е библиотеката, еден од најдобрите објекти во Скопје.

Објектот е наменски проектиран  за чување библиотечни добра и  е еден од најфункционалните библиотечни простори во Македонија. Се состои од По+П+2, со депоа и книговезница, хол за промоции и изложби и повеќе современо опремени читални.

IMG_20200616_0001_resize

архитект Хаџи Костова – Пешиќ и тогашниот градоначалник на Скопје, Томислав Папеш со макетата на библиотеката

Главниот влез во објектот е од булеварот „Партизански одреди“, а останатите влезови (за персоналот, за детската библиотека и економскиот влез) се издвоени секој посебно. Библиотеката содржи четири групи простории: за читатели, магацини за чување на книжниот фонд, управни и помошни простории. Фасадата е во натур бетон, обоен со специјална „јагер“ бела боја за бетон.

IMG_20200616_0002_resize

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, тип  библиотека  (шифра 1.1.2.8.2).

Објектот е сопственост на Република Македонија, а корисник е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

IMG_20200616_0005_resize

Во Библиотеката се депонирани  повеќе од 60 000 разновидни библиотечни единици, исто така  библиотечниот фонд  содржи и збирка на старопечатени книги на македонски јазик од 1948 година, збирка на старопечатени книги на латиница од 16-19 век-380 наслови, збирка на старопечатени книги на кирилица- 184 наслови , збирка на старопечатени книги на арапски и турски јазик -77 наслови,  како  и збирка на уметнички слики од македонската современа ликовна уметност.

б1

Денес  оваа библиотека е современо опремена и дигитализирана и претставува современ библиотечен-информативен центар, кој во голема мера придонесува за осовременување и развивање на библиотечната дејност во градот Скопје и пошироко во Македонија.

б2 б3

Испрати коментар

Scroll To Top