Во рамките на својата турнеја Shine A Light, која опфаќа и повеќе градови во регионов (Белград, Скопје, Пловдив, Атина), Адамс ветува дека од секоја продадена карта ќе биде засадено по едно дрво. Соработката помеѓу компанијата за достава DHL и популарниот музичар ќе допринесе за пошумување, и тоа токму со помош на публиката. DHL сака лично да учествува во настојувањата на Обединетите Нации за намалување на емисиите на штетни гасови и постигнување на нулта емисија на јаглерод диоксид до 2050 година, преку основањето на програмата GoGreen. Сакаат да ја намалат емисијата од сопствениот транспорт. Планираат да користат возила кои не ја загадуваат животната средина, како велосипеди и електрични возила. Покрај тоа, вработените водат сметка за рециклирањето, како и ограничено користење на неопходните ресурси.