Насловна / Порта3 / Божиќното дрво во Њујорк

Божиќното дрво во Њујорк

drvo vo njujork (2)

Божиќното дрво во центарот „Рокфелер“ претставува симбол за новогодишните и божиќните празници во Њујорк повеќе од седум децении. Оваа година на 3 декември, елката беше свечено осветлена во присуство на илјадници луѓе на Плоштадот Рокфелер, и таму ќе го краси плоштадот до 7 јануари следната година.
Официјално оваа традиција во центарот „Рокфелер“ започнала во 1933 година. Има приказна која вели дека за време на градењето на центарот, група работници подигнала шест метри висока елка, која во тоа време била накитена со венци од хартија и лименки.Rockefeller Center Christmas Tree Is Hoisted Into Place For The
Изборот на дрвото започнува порано, така што со хеликоптер се оди во потрага во околината на Њујорк, Пенсилванија, Конектикат, Вермонт, Охајо, па се до Отава во Канада. Тоа е од видот норвешка смрека (Picea abies) со димензии од 20 до 30 метри височина. Откако ќе се избере дрвото следува најтешката операција, транспортот и поставувањето. Транспортот најчесто се одвива со огромен камион со кран, а движењето по улиците на Њујорк ограничува дрвото да не биде повисоко од 34 метри. Дрвото се фиксира со сајли од четири страни, а во основата со челик, и целата елка casino online се украсува со повеќе од 45.000 лед светилки во различни бои. Најголемото божиќно дрво во историјата на оваа традиција е накитено во 1999 година со висина од 30 метри.drvo vo njujork (5)
Последните неколку години осветлувањето и украсувањето на дрвото се емитува во живо во САД, секоја среда по Денот на благодарноста.
Ѕвездата што го красела дрвото во 2004 година била со три метри во дијаметар, а тешка 250 килограми. Таа претставувала „Ѕвезда од Сваровски“, а ја изработил германскиот уметник Михаел Хамерс.

Image:
Иако многумина не би се сложиле со гестот на сечење дрво за декорација, сепак и во оваа приказна за божиќното дрво Рокфелер има позитивна страна. Оваа година осми пат по ред божиќното дрво ќе биде донирано на хуманитарната организација „Habitat for humanity“. По завршувањето на спектаклот дрвото ќе се искористи за изработка на дрвени носечки столбови и внатрешни ѕидови за куќи во Бриџпорт за оние на кои најмногу им е потребна помош.drvo vo njujork drvo vo njujork (6) drvo vo njujork (4)

Еден коментар

  1. Љупчо Атанасовски

    Arh.
    Vistinsko osvezuvanje . Bravo za prikaznata !!!

Испрати коментар

Scroll To Top