Насловна / Вести / Божиќен кактус, најубаво зимско цвеќе

Божиќен кактус, најубаво зимско цвеќе

Божиќен кактус (Schlumbergera truncata) името го добил поради периодот во кој почнува да цвета, а тоа е околу новогодишните и божиќните празници. Неговите цветови можат да бидат со различни бои кои варираат помеѓу црвена, виолетова и розова, бела и жолта. Сепак, периодот на цветање е најчувствителен за ова растение, , па затоа во повеќето случаи може да се исуши поради несоодветна грижа, затоа послушајте неколку совети.

1

Залевање

Залевањето треба да биде умерено за кактусот да процвета и целосно развие цвеќе. Можете да го малку да го залевате еднаш неделно или да го прскате со вода (лисјата и земјата), исто така еднаш неделно. Кога ќе ги забележите пупките, треба да го зголемите прскањето со вода.

2

Изложеност на сонце

Божиќниот кактус не сака силно сонце, па затоа е идеално да го поставите на источната страна каде што ќе ги прими благите утрински зраци. За идеално цветање, потребни му се до 10 часа светлина.

3

Преместување на растонието и температура

Не се препорачува, особено ако почнало да цвета, бидејќи тогаш за него започнува сезоната на мирување. Исто така, важно е да се обрне внимание на топлината во вашиот дом. Треба да биде умерена, ниту премногу топло, ниту премногу ладно. Како идеални се препорачуваат 20 степени.

02

Пресадување

Не смеете да го пресадувате за време на цветањето (исто како и претходната ставка), додека после овој период можете. Божиќниот кактус се пресадува на секои две до три години за да се рашират корените.

0 4 5

Испрати коментар

Scroll To Top