Ботаничката градина во Белград е една од најраскошните на светот. Има околу илјада растенија на отворено, и исто толку во затворен простор. Отворена е во далечната 1889 година во тогашната периферија на градот, и го добива името “Јевремовац”, по Јеврем Обреновиќ, братот на кнезот Милош. Зелената оаза ја краси голема стаклена градина, прекрасна градба од 1892 година. Денес, ботаничката градина претставува можност за бегство од градската бучава и загадувањето, и одличен начин за смирување покрај мноштвото билки кои привлекуваат со својата егзотичнoст.
Извор: ekologija e- magazin