Насловна / Вести / Босна и Херцеговина: Замена на јагленот со помош на норвешка технологија

Босна и Херцеговина: Замена на јагленот со помош на норвешка технологија

Норвешката компанија GEIA AS, во соработка со ЈП „Електропривреда БиХ“, најави реализација на пилот проект за тестирање на норвешката револуционерна технологија посебно проектирана за директно да го замени јагленот. Пилот проектот ќе се имплементира во најголемата термоелектрана на јаглен во БиХ, во Тузла.

tulza1

„Тоа е значајна пресвртница во преминот од јагленот кој е огромен загадувач на користење на одржлива биомаса. Освен сериозното анмалување на емисиите на стакленички гасови, оваа транзиција подразбира и отворање на нови работни места во областа на развој ан новите технологии. Станува збор за проект кој ќе ја забрза транзицијата кон чиста енергија и декарбонизацијата на енергетскиот сектор во БиХ“, велат од амбасадата на Норвешка во БиХ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top