Насловна / Вести / Бонсаи – како награда носи мир на умот

Бонсаи – како награда носи мир на умот

Бонсаи, јапонски збор што во буквален превод значи „стебленце во сад“ е мало дрво кое расте во саксија. Се верува дека за неговото одгледување, освен градинарски вештини, потребен е и уметнички талент. Уметноста на одгледување бонсаи дрвја започнала околу 200 години пр.  н. е. во Кина. Тоа е период на владеење на династијата Хан. Создаден е нов концепт – креирање минијатурни природни пејзажи во садови, наречени пењинг. Една од многуте легенди вели дека дебелиот владетел го сметал патувањето заморно, па наредил да се изгради минијатурна копија од неговата империја во дворот на палатата, за да може да го види целото свое царство од прозорецот на својата спална соба.

сл_resize

Сакајќи да ја зачува својата единственост, царот наредил секој што ќе се обиде да направи нешто слично да биде погубен како предавник. На овој начин е создаден првиот минијатурен пејзаж. Без разлика дали таа приказна е вистинита или не, едно е сигурно: поседувањето минијатурни пејзажи претставувало статусен симбол и се развивал сè повеќе. Пењинг бил мошне ценет за време на владеењето на Сонг династијата (960 – 1279), кога се развивал според  пософистицирана уметничка форма. Тогаш почнува и одгледување поединечни стебла во бонсаи сад. Првите вакви примероци имале стебла изрезбарени да личат на змејови и на други животни и се викале пун-саи.

NCArboretum_Bonsai-27527-1_resize

Во 11 и во 12 век Кина извршила значајно културно влијание на околните земји, особено на Јапонија, преку уметност и филозофија. За пренесување на бонсаито во Јапонија и ширење меѓу јапанската аристократија и самураи, најзаслужни се зен свештениците. За нив бонсаи претставувал религиозен објект, „зелени скали што водат кон небото“, односно спој меѓу луѓето и Бог. Во центарот на одгледување бонсаи воспоставена е рамнотежа помеѓу човекот и природата. Одгледувачот  се посветува на бонсаи, негува во себе креативност, па секоја година од почеток преку овие мали растенија го проживува ритамот на смената на годишните времиња. Самото одгледување бонсаи бара многу нега и внимание, но како награда носи мир на умот, чувство на освежување и внатрешна смиреност.

Bonsai-Tree-1200x960_resize

Понатамошниот тек на бонсаи уметноста оди во повеќе правци – кинескиот ја задржал традицијата на сурова и едноставна уметност без прекумерно разубавување на дрвото, отсликувајќи ја чистата и вистинска природа, додека јапонскиот стил се карактеризира со префинета форма која се стреми кон перфекционизам. И двата стила имаат свој шарм, тајни на одгледување и голем број обожаватели.

JUNIPER-min_resize

За обликување и одгледување бонсаи потребно е многу повеќе од само хортикултурна вештина. Основниот принцип е да се одгледува минијатурно стебло кое ќе ги има сите карактеристики на тој растителен вид во „нормална“ големина во природата.

potential-feature-bonsai_resize

Бонсаи преку Јапонија стигнал во Европа и оттаму го освоил светот. Првите изложби на бонсаи се организирани во Париз и Лондон кон крајот на 19 век, а денес бонсаи е добропозната и високоценета хортикултурна уметност низ светот.

71TBaAoV9lL._AC_SL1000__resize

КОИ РАСТЕНИЈА СЕ ПОГОДНИ ЗА БОНСАИ ТЕХНИКА

Основниот принцип на бонсаи техниката е да се одгледуваат минијатурни стебла кои ги имаат сите карактеристики што ги има истото растение во својата природна големина.

DSC05486_resize

Сите растенија со силно стебло со правилна нега и кроење може да станат бонсаи. Сепак, постојат некои видови кои полесно се приспособуваат на мала саксија, а нивните листови брзо се намалуваат, па овие растенија најчесто се препорачуваат за бонсаи почетници. Во овие видови спаѓаат: јавор, бор, фикус, бука, брест, костен и даб. Од друга страна, некои видови потешко се приспособуваат на овие услови на растење, па затоа не се препорачуваат. Ваков пример е оревот, чии листови природно се многу големи, па не може да се намалат до саканата големина со помош на техниката бонсаи.

China_Schanghai_Jade_Buddah_Temple_5176519_resize

Добрите примероци на бонсаи обично се издржливи видови кои може да се чуваат на отворено во текот на целата година каде што зимите се благи. Повремено може да се внесат во куќата поради почитување и уживање. Во Јапонија вообичаено се изложени во ниша или на мали маси во дневната соба, а подоцна се враќаат на нивните полици за бонсаи на отворено.

Pom_May_2022_resize

Постојат повеќе начини на одгледување бонсаи. Можно е да се најде во планина природно закржлавено дрво, но за тоа е потребна голема среќа. Дрвото треба да се извади многу внимателно, техника која не се препорачува за почетници. Исто така дрвото може да се купи во расадник, потребно е да има цврсто стебло, и со кроење и обликување да се одгледува бонсаи.  Но најпрецизно ќе се управува со неговото растење ако се одгледува од семе. Растењето од семе е секако најдолготрајниот метод. Првите резултати се видливи дури по десет години. Најдобро време за негово садење е есен.

Eurya,_1970-2007_resize

ФОРМИРАЊЕ НА ОБЛИКОТ НА БОНСАИ

Постојат големи и мали примероци на бонсаи дрвја. Големото дрво бонсаи обично е високо околу 45 до 46 сантиметри, додека малото е високо под 13 сантиметри. Бонсаи дрвото може да биде и поголемо, во зависност од тоа што сака да постигне одгледувачот.

Pescia,_museo_del_bonsai,_punica_granatum,_stile_moyogi_(eretto_informale),_con_frutti_resize

Иако категоризациите на бонсаи значително се разликуваат, минијатурните бонсаи општо се познати како shohin. Најмалите од нив (keishi и shito) се со висина од пет до седум сантиметри, почнувајќи од семиња или стебленца, потребни се од три до пет години за да дојдат до фаза на квалитет, а може да живеат неколку децении. Малите бонсаи (mame), се од седум до 15 сантиметри во висина, а потребни се од пет до 10 или повеќе години за да се обликуваат. Средните бонсаи обично се движат од 20 до 40 сантиметри висина, но може да бидат високи до околу 60 сантиметри и може да се произведуваат за само три години. Големите (dai) бонсаи може да бидат високи до дури 120 сантиметри и бараат двајца или повеќе луѓе да ги преместат.

Режењето на бонсаи се прави со алат кој е мошне скап.

Trident_Maple_bonsai_202,_October_10,_2008_resize

Во уметноста на бонсаи важен елемент е изборот на саксијата. Садовите за бонсаи најчесто се земјени, може да бидат кружни, овални, квадратни, правоаголни октагонални и имаат една или повеќе дренажни дупки на дното.  Саксиите внимателно се бираат за со бојата и пропорцијата да бидат во склад со дрвото. Ако садот е правоаголен или овален, дрвото е засадено малку понастрана од средината, според ширењето на гранките. Во квадратна или кружна саксија дрвото е поставено подалеку од центарот, освен за каскадните типови, кои се засадени кон спротивната страна на садот од кој се надвиснуваат. Бонсаите се формираат на начин да има предна или страна за гледање, ориентирана кон набљудувачот кога се на изложба.

bonsai-cypress-National-Bonsai-and-Penjing-Museum_resize

Бонсаи мора да се пресадува на секои една до пет години, во зависност од видот и степенот на раст на коренот. Постепеното кастрење на коренот за време на пресадувањето во следните години ја намалува големината на почвата, така што дрвото на крајот може да оди во посакуваниот мал и плиток сад.

Грижата за бонсаи дрво вклучува часови, недели, па дури и месеци на внимание. Поради ова, одгледувањето растение со техника на бонсаи може да има терапевтски ефект.

Со добра грижа и нега бонсаи живее најмалку 100 години. Бонсаи е растение кое се пренесува од генерација на генерација. Во Јапонија постојат видови кои се стари преку 150 години.

Njastarije-bonsai-drvo-na-svijetu-Izvor-Facebook-Just-Love-Japan_resize

Најстарото бонсаи на светот Ficus retusa Linn Bonsa

Најстарото бонсаи на светот Ficus retusa Linn Bonsai, наводно старо повеќе од 1.000 години се наоѓа во Crespi Bonsai Museum во Италија. Високо е 310, а широко 280 сантиметри. Купено е и испорачано во Италија во 1986 година од Луиџи Креспи, по неколкугодишни преговори. Дрвото го обликувале многу генерации кинески мајстори, а потоа прославениот јапонски мајстор Shotaro Kawahara. Еден бор исто така има ознака најстар на светот, околу 800 години. Во моментов е во сопственост на Kobayashi, еден од најугледните бонсаи професионалци на светот. Следниот примерок е јапонски бор кој го преживеал ударот на атомската бомба во 1945 година. Денес ова бонсаи, старо преку 400 години е донирано на Националниот бонсаи и пењинг музеј во Вашингтон.

Испрати коментар

Scroll To Top