Oкеанскиот базен Бондај, постои повеќе од 100 години и се наоѓа во близина на Бондај Бич, прочуената плажа во Австралија. Ова е најфотографираниот базен на светот.
Го нарекуваат Бондај Ајсбергс. Секогаш кога ќе го видите го одзема здивот. Плажата Бондај Бич е само на седум километри од Сиднеј и е омилена и престижна локација, која е многу посетувана од туристите и од австралијанците.
Капачите се заштитени од високите, силни бранови и струите, како и од песокот, кој ветерот често го носи во очи.
Плажата е идеална за сурфање, гњурење, набљудување на китови. Се смета за една од најлибералните плажи на светот.