Насловна / Архитектура / Болницата Weihai за традиционална кинеска медицина

Болницата Weihai за традиционална кинеска медицина

Болницата Weihai за традиционална кинеска медицина се наоѓа во шумата Thunbergii во источниот Нов град Weihai во близина на море и е со површина од околу 8000 квадратни метри. Во болницата, како сеопфатна здравствена установа, сместени се три главни целини: програмски изложбен центар на источниот Нов град, Санаториум Кангјанг Јил и медицински нега.

10
Локацијата на болницата долго време била занемарена и со нејзиниот избор целта била да се зачува и околната шума. Сопственикот на болницата имал јасни барања до проектантите, архитектите од кинеското биро GLA „имитирање, но не и копирање на традиционалниот стил “.

3

Објектот го негува наследството, формиран е врз основа на изучување на кинеската традиција. Сепак, изборот на градежни материјали, детали за градење и конструкција го создале балансот помеѓу искуствената вредност на местото и карактеристиката на времето.

1
Проектантите ги разграничиле нивоата, редоследот и рамката на типолошки начин, класифицирајќи ги кинеските дворви во: двор со четири ѕида, двор со два ѕида и две згради кои се соочуваат меѓусебно, двор со четири згради на секоја страна. Според условите на локацијата, разните видови дворови се поврзуваат заедно со коридорот на оската север-југ и оската исток-запад. Користејќи ги предностите на локацијата, овие класифицирани дворови ја опфаќаат полуотворената централна градина која се соочува со шумата, додека две ширум отворени градини со различна широчина ја делат централната градина на два дела: една половина на отворен двор и другата половина на двор со вода и со поголем отворен простор.

6
Што се однесува до изборот на градежни материјали, се користат современи материјали како што се алуминиум, челик, дрво и камен кои претставуваат замена на традиционалната сива плочка, сива тула и дрво . Со оглед на својствата и карактеристиките на материјалот, поедноставни и современи архитектонски дизајни се користат на деталите за конструкцијата и компонентите за да се обнови традиционалниот стил на архитектура.

11
Новата кинески стилска архитектура не е редење на традиционални елементи, туку комбинација на современи елементи и традиционални елементи врз основа на разбирање на традицијата. Новиот кинески стил создава згради со традиционален шарм базирани на современа естетика.

12

14

4

5

16

17

Испрати коментар

Scroll To Top