Миланското биро Matteo Thun & Partners и германската архитектонска фирма HDR Germany проктираа ново крило на најголемиот ортопедски центар во Германија, Waldkliniken Eisenberg.
Имено, Matteo Thun & Partners победија на меѓународниот конкурс за дизајн за новото болничко крило во 2013 година, а потоа одлучиле да соработуваат на проектот со HDR Germany, пишува Dezeen.
Болница која ги третира своите пациенти како гости
Благодарение на новото крило, ортопедскиот центар лоциран во Тириншката шума, на околу 72 километри од Лајпциг, ќе може да ги прими сите предоперативни и постоперативни пациенти, како и оние на кои им е потребен терапевтски третман.
Matteo Thun & Partners, заедно со HDR HDR Germany, поради своето долгогодишно искуство во угостителскиот сектор, успеаја да креираат дизајн кој го комбинира удобноста на хотелското сместување со критериумите за перформанси што ги бара институцијата за нега.
„Основната визија за нашето одделение беше да изградиме болница која ги третира своите пациенти како гости. Тоа треба да биде болница која обезбедува првокласна медицинска нега и највисок квалитет на живот“, пишува на веб-страницата на болницата.
А од бирото Matteo Thun & Partners велат: „Хотелски стандард за општинска болница: кружната зграда на Waldkliniken Eisenberg, со својата фасада направена од локално дрво и со 128 соби за пациенти и 246 кревети, по операции ќе ги прима ортопедските пациенти во зграда која своите привремени жители свесно ги става во центар. Пациентот е гостин!“
Можност за интеракција и приватност
На шест ката на болницата сместени се 128 соби за пациенти, од кои најголем дел се со само два кревети, секја со своја бања, кои поради приватност се организирани на начин кој овозможува секој кревет да е во свој засебен дел, а притоа можат и да се изолираат со завеса.
Собите за пациентите се распоредени околу периметарот на кружната зграда, така што во секоја има доволно воздух и природна светлина. Помеѓу собите се организирани зимски градини кои функционираат како заеднички простори.
„Поради силниот акцент на хотелски карактер, стандардната соба за пациенти значително се разликува од вообичаениот стандард во Германија. Уредувањето на бањата, мебелот и терасата нуди можност и за интеракција и за приватност. Исто така, пациентите можат да јадат и да разговараат меѓу себе додека уживаат на со светлината исполнетиот плоштад“, велат од Matteo Thun & Partners.
Јавните заеднички простори проектирани се на начин да личат на заедничките простории во хотелите. Ова вклучува формирање на лоби, кое има дрвени подови и акустичен дрвен плафон.
Дрвото е генерално најзастапениот материјал во објектот, со цел да се постигне топло и смирувачко чувство за време на престојот во центарот. Исто така, зелените кровови и дворови ја зајакнуваат врската со околната природа.
Објектот содржи и бар и неколку ресторани, вклучително и луксузен ресторан достапен и за пациентите и за посетителите. Кафетеријата за пациенти се наоѓа во централниот дел на зградата и е поврзана со дворот, додека кантината за персоналот е директно поврзана со опкружувањето на зградата.