Што ни носи Viva Magenta, бојата на 2023 година? Оваа боја несомнено ќе доминира во визуелните трендови кои доаѓаат, во дизајнот, модата, ентериерите. Подгответе се на време и внесете оптимизам во вашето опкружување со оваа боја.
На крајот на секоја година, врз основа на сеопфатна анализа на трендовите, светскиот институт за бои Pantone ја прогласува бојата што ќе го одбележи претстојниот период. Бојата под шифра PANTONE 18-1750 Viva Magenta, претставниците на компанијата која е глобална авторитет кога се боите во прашање, ја претставија како неконвенционална нијанса за неконвенционално време.
Смела и бестрашна, Viva Magenta е живописна боја и со својата бујност поттикнува оптимизам и радост. Моќна и силна, тоа е анимирана црвена која поттикнува експериментирање и самоизразување без ограничувања; наелектризирана нијанса без граници, се вели во официјалното соопштение.
Оваа интензивна нијанса од црвениот спектар на бои се споредува со тупаница во кадифена ракавица, зрачи со сила и виталност и предизвикува радост. Тоа е боја која е насекаде околу нас, и во реалниот и во виртуелниот свет.
Присутна како доминантна боја, или како детал во некоја од нијансите, не може да остане незабележана.
Според зборовите на претставникот на брендот, тоа е моќна, силна, црвена боја која поттикнува експериментирање и самоизразување без ограничувања.
Во нијанси кои вклучуваат интензивно розеви, пурпурно црвени и виолетови тонови, може лесно да се прилагоди на расположението, ентериерите и гардеробата.