Насловна / Вести / „Боинг“ отпушта стотици инженери

„Боинг“ отпушта стотици инженери

Американскиот произвoдител на авиони „Боинг“ ќе укине стотици работни места за инженери за цивилна авијација поради успорувањето на продажбата, изјави порпаролот на компанијата, Даг Алдер.

Тој истакна дека компанијата во рамки на своите постојани „напори за зголемување на конкурентноста и за инвестирање во иднината, ги намалува трошоците со цел нивото на вработување да се совпадне со побарувачката на пазарот“.boing

Алдер изјави дека намалувањето на бројот на вработените, кое ќе ги вклучи и механичарите, ќе биде спроведено преку доброволно заминување, а во некои случаи и со директни отпуштања.

Оваа мерка за штедење, која стапува на сила на 23 јуни, на прво место ќе ги погоди производствените погони на „Боинг“ во сојузната држава Вашингтон, изјави претставник на компанијата.

„Боинг“ на почетокот на годината веќе укинал 305 работни места за инженери и 1500 за механичари во рамки на планот за доброволно заминување.

Испрати коментар

Scroll To Top