Американската компанија Боинг има намера во наредните недели да отпушти околу 12.000 работници во САД извести Би-Би-Си.
Kомпанијата соопшти дека оваа недела за отказ ќе информира 6.670 вработени, како и дека 5.520 се согласиле на спогодбено раскинување на договорот.
Според пишувањето на Би-Би-Си, американската компанија најавила дека ќе го намали бројот на вработените во своите производствени погони во светот за околу 10 отсто, односно дека отказ ќе добијат речиси 16.000 работници.
Kомпанијата влезе во криза по две фатални несреќи на авионот „Боинг 737 Макс“.
Извршниот директор на Боинг, Дејв Kалоун изјави дека би сакал да постои некој друг начин за излез од оваа неповолна деловна ситуација.
Кризата дополнително е продлабочена и со остриот пад на побарувачката за авиони како резултат на пандемијата на коронавирусот.