Во рамките на УНДП проектот “Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка”, општината Богданци се најде во групата прворангирани 13 општини според остварените резултати. Покрај останатите седум земји вклучени во реализацијата на проектот, Република Македонија беше успешно претставена како земја која може да се носи со трансформационите промени користејќи грантови за инвестирање во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
Преку меѓуопштинската соработка на Богданци, Г евгелија и Валандово, вкупно 14 јавни објекти и 36 згради во трите општини беа предмет на ревизија. За шест приоритетни проекти во овие општини беа доделени финансиски средства.