Насловна / Вести / Богатството на 782 најбогати луѓе може да обезбеди обновлива енергија за половина свет

Богатството на 782 најбогати луѓе може да обезбеди обновлива енергија за половина свет

Najbogati lugje obnovliva energija

Личното богатство на 782 најбогати луѓе на планетата, може да и обезбеди на Африка, Латинска Америка и речиси цела Азија 100% обновливи извори до 2030 година, се вели во извештајот на  „Friends of the Earth International“ објавен неодамна.  Некои од најважните заклучоци на овој извештај насловен – „Енергетска револуција“ се следните:

– Богатството на најбогатите 53 луѓе на планетата може да обезбеди снабдување на цела Африка со 100% обновлива енергија до 2030

– Богатството на најбогатите 32 луѓе на планетата може да обезбеди снабдување на цела Латинска Америка со 100% обновлива енергија до 2030

Najbogati lugje obnovliva energija2

– 5.148  милијарди долари во инвестиции се потребни за да се генерира половина од светското производство на електрична енергија со 100% обновлива енергија до 2030. Тоа е инвестиција еднаква на личното богатство на само 0.00001%  од популацијата, односно концентрирано е кај 782 луѓе.

„Овој извештај треба да биде аларм за будење на креаторите на политиките и властите. Светот денес с есоочува со две деструктивни и испреплетени кризи – растечката материјална нееднаквост на популацијата и климатските промени“ вели Sam Cossar-Gilbert од Friends of the Earth International.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top