Гигантот во областа на авиоиндустријата се очекува да ги објави деталите за своите реализирани испораки во месец мај, а аналитичарите сметаат дека извештајот ќе биде разочарувачки. Клучно е прашањето дали компанијата ќе може да ги зголеми испораките, а со тоа и слободниот паричен тек во втората половина на годината и да го избегне намалувањето на кредитниот рејтинг кој по се изгледа е неминовност.
Имено, падот на бројот на испораки, предизвикан од бројните технички проблеми на производството и проблемите во контролата, се посочуваат како фактори кои би можеле да доведат до драматичен пад на рејтингот до т.н junk (отпад). Како последица на тоа во иднина финансирањето би било поскапо.