Насловна / Вести / Boeing се посрамоти: Астронаутите „заробени“ во вселената ќе се враќаат на Земјата со капсула на Space X

Boeing се посрамоти: Астронаутите „заробени“ во вселената ќе се враќаат на Земјата со капсула на Space X

Претставниците на NASA, соопштија дека двајцата астронаути кои останаа „заробени“ на Меѓународната вселенска станица (ISS), ќе  се вратат на Земјата во капсулата Crew Dragon, на компанијата SpaceX. Иако првобитно било палнирано астронаутите на вселенската станица да останат осум дена, работите се закомплицирале, а луѓето и натау се наоѓаат во вселената. Астронаутите стигнале таму со леталото Boeing Starliner, на кое во меѓувреме се појавил дефект, поради што се појавиле бројни сомневања за тоа дали е возможно користење на леталото за враќање на Земјата.  Затоа раководството на NASA, конечно пресекло и соопштило дека ќе се користи леталото на приватната компанија SpaceX. Сепак, и покрај ваквата одлука, потребно е подолго време за ова да се реализира, Имено, процедурата е таква што најверојатно враќањето ќе се реализира најрано во февруари.

Мисијата со која двајцата астронаути биле испратени на ISS, за Boeing Starliner требало да претставува клучен пробен лет, по кој NASA и официјално би моќела да го сертифицира ова летало како редовен превозник за астроанути до и од ISS. Сега, после огромните проблеми, сосема е извесно дека тоа нема да се случи скоро, што секако претставува голем удар за Boeing.

 

Испрати коментар

Scroll To Top